Тимот на Ле Самбр Авенуа, каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска, стартуваше победнички во Купот на Франција.
Ле Самбр Авенуа, кој е во група со Ле Авр и Стела Сен Маур, славеше во првиот меч кај Ле Авр со 31-28 и се доближи до четвртфиналето.
Кипријановска имаше одличен настап, беше втор стрелец и успеа да постигне четири погодоци од шест обиди.
Мечот со Стела Сен Маур, Кипријановска и нејзиниот клуб го играат на 16 ноември и имаат убава шанса да се пласираат во четвртфиналето на Купот, каде чекаат најголемите фаворити Мец и Брест Бретањ.