Триумфот во Купот на Германија им донесе двојна радост на ракометарите на Кил, па така покрај златото, составот на Филип Јиха доби и награда од 200.000 евра од страна на организаторите на завршниот турнир во Келн.
Поразениот финалист, Мелсунген, иако не успеа да направи изненадување, ќе добие утешна сума од 150.000 евра, додека третопласираниот Балинген ќе ја засили клупската каса со 120.000 евра.
Најмалата награда оди кај Рајн-Некар Левен, кој загуби и на полуфиналето и на мечот за третото место. Клубот од Манхајм ќе добие 90.000 евра.
Кил во финалето против Мелсунген славеше со 28:23, а искусниот Андреас Вулф, кој имаше 18 одбрани против тимот на Парондо, беше избран за МВП на Ф4 турнирот.