Кил на пат кон Македонија: „Зебрите“ до Битола преку Ѓер и Охрид (ФОТО)

Германскиот првак Кил е на пат до Македонија, каде утре ќе го одигра дуелот од третото коло во Лигата на шампионите.

Иако патуваат со чартер лет како на сите гостувања, ова сепак е подолго од потребното.

Утринава „зебрите“ најпрво летаа од Кил до унгарскиот град Ѓер два часа, а потоа па пауза од половина час, нивниот авион се упати кон Охрид.

На „Свети Апостол Павле“, авионот на Кил треба да пристигне околу 14:30 часот, по што ќе следува пат со автобус до Битола.

За вечерва е најавен тренинг на „зебрите“ во „Боро Чурлевски“, кои досега остварија две победи во два меча во Лигата на шампионите.