Keлце се откажа од Мештриќ

Полскиот шампион Келце одлучи да го прати на позајмица голманот Сандро Мештриќ, кој не добиваше голема минутажа.

28-годишниот голман од Хрватска во тимот на Талант Душебаев пристигна минатата сезона, но поради големата конкуренција немаше многу прилика да ги покаже своите квалитети.

Во договор со раководството на Келце, Хрватот во продолжението од сезоната ќе настапува на позајмица во Островија, клуб кој моментално е петтопласиран во полското првенство.

Дополнителен проблем за Мештриќ беше и повредата на грбот, па така мораше да паузира одреден временски период.

Мештриќ во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите бранеше на осум натпревари, но немаше забележителен процент на одбранети удари.