Келце ја виде „Боро Чурлевски“ празна, Душебаев ги подготви момците за битолскиот пекол (ФОТО)

По норвешкиот Колстад и германскиот Кил, трет гостин во „Боро Чурлевски“ оваа сезона во Лигата на шампионите ќе биде Келце.

Полскиот шампион и европски вицепрвак тренираше во домот на Еурофарм Пелистер, во кој ќе гостува по 27 години.

Тренерот Талант Душебаев го одржа тренингот со неговите момци и го подготви за атмосферата што ги очекува во „Боро Чурлевски“.

Тој нема да може да смета на Алекс Душебаев и Симон Сичко, но тоа не ја намалува фаворитската улога на Келце.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце се игра утревечер во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.