Ќе работи во женскиот ракомет: Ристо Арнаудовски е нов тренер на Зрински Чаковец

Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски, ќе има нов предизвик во тренерската кариера.

42-годишниот Македонец кој е роден во Загреб, до крајот на сезоната ќе биде тренер на женската екипа на Зрињски од Хрватска.

На клупата на Зрински го замени Горан Мрѓен, некогашниот хрватски селектор, а ќе дебитира на дербито со Хрватска.

Тимот од Чаковец во моментов е на третото место зад Подравка и Локомотива Загреб со 23 бодови по 16 натпревари.

Арнаудовски до минатата полусезона работеше во машкиот тим на Ферлах од Австрија, а во играчката кариера играше за Загреб, Перутина ПИПО, Босна и Дубрава во Хрватска, а потоа и во неколку австриски екипи.

Тој ја заврши играчката кариера во 2019 година, а беше дел од составот на Македонија на Светското првенство во 2017, кога селектор беше Лино Червар.