Ќе биде пеколно жешко во Битола – распродадена салата за дуелот со тимот на Лазаров

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека се продадени сите билети за претстојниот натпревар против „сино-белите“ од Автокоманда.

Тоа значи дека тимот на Лазаров ќе биде пречекан од повеќе од 3.000 жестоки навивачи и ќе има тешка задача во Битола.

Пелистерци стартуваа со две победи во Кавадарци и Охрид, а тимот од Автокоманда има пораз од Вардар и победа над Тиквеш.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и освојувачот на трофејот во Купот ќе се игра на 13 април од 18:00 часот.