Ќе биде најплатена ракометарка во лигата – Хансен ќе има плата од 18.000 евра во Романија

Легендарната романска ракометарка Кристина Неагу летово заминува во пензија, а нејзина наследничка во ЧСМ Букурешт ќе биде Ане Мете Хансен.

Данската репрезентативка доаѓа од францускиот Мец, а таа ќе биде најплатената во романскиот шампион, пишува „ГСП“.

Ако Неагу заработува(ше) околу 21.000 евра месечно, Хансен ќе добива по 18.000 евра месечно од ЧСМ Букурешт.

Хансен освен што ќе биде најплатена во ЧСМ Букурешт, ќе биде најплатена и во целата романска лига.