Кавадарчани со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната!

Кавадарчани со победа го завршија регуларниот дел од суперлигашката сезона, откако пред својата публика славеа над дебитантот Борец ФЛ so 29:24.

За тимот од Кавадарци, ова беше 11-ти сезонски триумф и со новите два бода го потврди петтото место на табелата, па така во плеј-оф фазата ќе пренесе еден бод.

Гостите од Велес во најголемиот дел од првото полувреме беа во водство и двапати имаа предност од плус четири (8:4, 8:12).

Домаќините имаа подеми и падови во играта во првите 30 минути, но дебитантот не ги искористи сите нивни грешки и на полувреме замина со минимална предност од 15:14.

Избраниците на Грчевски првпат поведоа на стартот на вториот дел, кога направија пресврт и го свртеа резултатот во своја корист, 17:16.

Капитенот Велков блесна во второто полувреме, а домаќините одржуваа стабилна предност и не дозволија да има никакво изненадување.

Најефикасен во победничкиот тим беше Димитар Коцев со седум погодоци, шест додаде Кристијан Анастасовски.

Кај велешани прв стрелец беше Габриел Гуедеш со пет погодоци, а четири имаше Бариша Цвитановиќ.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196121190238
3АЛКАЛОИД21190238
4ОХРИД21142530
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО21501610
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2131177
12РАДОВИШ2112184