Карбеска и Илиева ќе судат во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите.

Maкедонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија задача на еден од најинтерсните средби во оваа фаза.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и данскиот Есбјерг, што ќе се игра во Будимпешта на 27 април од 16:00 часот.

Делегати на овој дуел се Италијанецот Треспиди и Србинката Медвед, а реваншот ќе се игра во Данска на 5 мај.