Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Довербата од европската куќа на ракометот повторно ја добија македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Тие ќе го судат првиот дуел од осминафиналето меѓу Рапид Букурешт на Сара Ристовска и ЧСМ Букурешт.
Мега-дербито, што всушност е градско дерби на големи ривали, ќе се игра на 23 март во салата „Поливалента“ со почеток во 16:00 часот.