Средниот бек Мартин Карапалевски по девет сезони заминува од тимот на Вардар и ќе има нов предизвик во кариерата.
Ресенчанецот на социјалните мрежи се збогуваше со фановите на „црвено-црните“ тим и посочи дека Вардар ќе го чува во срцето.
„Низ подемите и падовите во девет сезони во дресот на Вардар, растев, учев и направив спомени што ќе ги паметам засекогаш. Благодарен сум за секоја можност и на сите тренери со кои соработував. Ќе го чувам Вардар во срцето, а сега отворам ново поглавје. Благодарам за се!“, напиша Карапалевски.
Македонскиот репрезентативец се сели во Асобал лигата и ќе го носи дресот на Ваљадолид, каде што настапува уште еден Македонец, Димитар Димитриоски.