Карапалевски: Охрид расте од година во година – заедно да ги исполниме целите на клубот

Охрид го промовираше третото засилување за наредната сезона и го ангажираше средниот бек Мартин Карапалевски.

Организаторот на играта по две сезони во шпанскиот Ваљадолид, ќе се врати во татковината и по настапите за Вардар Јуниор и Вардар, ќе го облече дресот на Охрид.

„Се радувам што ќе бидам дел од Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Карапалевски.

Претходно клубот ги донесе Дино Славиќ и Доминик Мате, а допрва се очекува да бидат промовирани уште неколку нови ракометари.

Охрид му посака добредојде на Мартин Карапалевски!