Карабатиќ ќе го игра последниот клупски натпревар во Франција на 31 мај

Последниот натпревар на ПСЖ во шампионатот на Франција ќе се одигра на 31 мај во „Акор Арена“ во Париз, а тој ќе биде последен и за Никола Карабатиќ во клупската кариера на домашно тло.

Ривал на ПСЖ ќе биде тимот на Екс Ан Прованс, а салата која може да прими 15.000 гледачи сигурно ќе биде премала за сите што ќе сакаат да го поздрават трикратниот олимписки шампион.

Ако ПСЖ се пласира на Ф4 во Лигата на шампионите, Карабатиќ ќе одигра уште две средби за францускиот тим на 8 и 9 јуни.

Круна на кариерата треба да биде настапот на Олимписките игри во јули со репрезентативните настапи за Франција.