Викендов се комплетираше 6. коло од кадетската лига во женска конкуренција.
Кадетките на Вардар на свој терен беа супериорни против екипата на Јехона победувајќи со 37:14. Избраничките на Анжела Платон работата ја завршија уште во првото полувреме и рутински одиграа во вторите 30 минути.
Победничкиот тим беше предводен од Сара Ристовска и Ива Соколовска кои постигнаа по седум, односно шест гола. Кај Јехона единствено расположена беше Мила Николоска, која зад своето име имаше осум реализации.
Екипата на Стружанка беше сигурна против Илинден Вардар, триумфираше со 40-28. Најефикасна во редовите на Стружанка беше Вања Маџоска со 12 гола, додека кај Илинден Вардар се исатакна Ева Ѓорѓиевска со 11 гола.
Составот на Ѓорче Петров беше подобар од тимот на Делчево Вардар со 38-30. Најдобар стрелец кај Ѓорче Петров беше Ива Велкова со девет гола, додека кај Делчево Вардар прво име беше Анастасија Ќурчинска со десет гола.
Екипата на Гевгелија славеше против Чаир со четири гола разлика, 27-23. Победничката екипа ја предводеше Благица Ступар со десет погодоци, а во поразениот табор најефикасна беше Хана Мифтари со седум реализации
Кадетска лига (жени), 6. коло, резултати:
Гевгелија – Чаир 27-23
Ѓорче Петров – Делчево Вардар 38-30
Вардар – Јехона 37-14
Стружанка – Илинден Вардар 40-28