Кадетите со последни подготовки пред ЕП, Грција доаѓа во Скопје на две контроли

Машката кадетска репрезентација на Македонија, по успешно реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, ги продолжува завршните подготовки пред настапот на ЕП во Србија.

Во рамките на подготовките, избраниците на Горан Кузманоски во Скопје ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Грција.

Тие се на програмата денеска од 18:00 часот и утре од 12:00 часот, а ќе бидат последна проверка пред почетокот на Европското првенство.

Македонија на Европското првенство во Србија се наоѓа во тешка група со селекциите на Франција, Шведска и Словенија.