Машката кадетска репрезентација на Македонија си ја искомплицира работата околу опстанокот на ЕП и пласманот на младинското ЕП 2026 година. Утре не чека натпревар против Италија кој значи „се или ништо“ за момците на Наум Танески.
Италија со две победи е прва на табелата во групата Л со 4 бода, Македонија и Грција се второ, односно трето место со по два бода во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место, додека Украина е последна без бодови.
Натпреварот меѓу Македонија и Италија ќе се игра од 12:00 часот и победа над Италијанците со најмалку два гола разлика, на нашите момци ќе им донесе прво место, ако Грција запише победа над Украина и се формира трио репрезентации со по 4 бода, па ќе се гледаат меѓусебните дуели.
Италија има триумф над Грција со еден гол, 31-30, Грција триумф над Македонија исто така со еден гол, 26-25, па победа на Македонија над Италија со два гола ќе донесе пласман на првото место и сигурен опстанок.
Третопласираната селекција оди во битка за 21 до 24 место, односно ќе биде јасно дека во младинска конкуренција во 2026 година, ќе игра на ЕХФ шампионатот.