Kушан: Се оствари мојот сон

Кружниот напаѓач Томислав Кушан по само една сезона замина од Еурофарм Пелистер и се пресели во Бундес лигата.

Иако имаше договор и за оваа сезона, сепак Вецлар ја плати оштетата предвидена со договорот на Кушан и битолскиот тим, па денеска беше промовиран како нов соиграч на Филип Миркуловски.

„Се оствари мојот сон. Среќен сум што сум овде во Вецлар. Одлично е чувството да можеш да играш во најдобрата лига во светот и сакам со моите настапи да му помогнам на клубот за да бележи одлични резултати“, изјави Кушан.

Тој потпиша соработка на две години со Вецлар и ќе остане до 2023 година во бундеслигашот.