Јужно-американски шмек во Куманово, доаѓа репрезентативец на Бразил!

Тимот на Куманово, кој успеа преку плеј-аутот да го обезбеди својот настап во суперлигашката конкуренција за наредната сезона, започна со формирање на ростерот.

Големо засилување за Куманово треба да биде десниот бек од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, за кого ова ќе биде прво искуство во Европа. Според информациите на 24Ракомет, договорена е соработка на две сезони.

Тој доаѓа од Праиа Клуб, има 21 година и настапи за Бразил на Светското првенство во Германија и Грција минатата година, каде беше меѓу најдобрите стрелци на јужноамериканската репрезентација.

Покрај Винициус, куманвоци планираат да донесат уште засилувања, се споменува Тео Тодески и уште неколкумина млади македонски ракометари.

Освен новите ракометари, голем дел од ростерот што лани го изнесе товарот на натпреварите, би требало да ја продолжи верноста, освен Наум Костов, кој веќе се договори со Охрид.