Репрезентативецот на Хрватска, Марин Јелиниќ, нема да менува средина, бидејќи ќе остане во ПИК Сегед најмалку до 2027 година, пишува „UPSkill Handball“.
Искусното лево крило во редовите на унгарскиот тим пристигна во летото, 2023 година, од хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Уште во првата сезона ги оправда очекувањата на клубот, а на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка имаше одлични партии.
28-годишниот Хрват токму во ПИК Сегед го стекна првото интернационално искуство и со продолжувањето на договорот јасно е дека клубот е задоволен од неговиот придонес.
Засега е познато дека на лето во ПИК Сегед на лето ќе пристигне репрезентативецот на Шведска, Џим Готфридсон.