Djurdjina JAUKOVIC and Emilija LAZIĆ, Montenegro vs Serbia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 29.11.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Јауковиќ: Одбраната е тоа што нѐ краси како репрезентација

Во првото коло на ЕП во рамки од Б групата се судрија Србија и Црна Гора, а на стартна победа се радуваа избраничките на Сузана Лазовиќ триумфирајќи со 24:18..

Црна Гора во текот на целиот натпревар беше подобра, на пауза замина со предност од 11:8 и во второто полувреме одигра уште подобро за освојување на двата бода.

Предводник во репрезентацијата на Црна Гора беше Ѓурѓина Јауковиќ, која по пауза од речиси две години се врати во националниот тим.

Црногорката ги сподели своите импресии по добиетна битка против Србија.

,,Очекувавме тежок натпревар, цврсти одбрани на двете страни, како што ѝ беше, некако тој старт беше тежок за двете репрезентации, но се совлада таа емоција и трема која беше присутна, на крај заслужено победивме, одигравме супер одбрана, тоа е нас што нѐ краси и тоа треба да го задржиме во текот на целото првенство”, изјави Јауковиќ.

Левиот бек постигна 11 гола на денешниот дуел, а за следните два ривали, Романија и Чешка, вели дека треба добро да се подготват, бидејќи станува збор за сериозни репрезентации.

,,Не е битно кој е ривалот на теренот, тие се наши соседи, јас на секој натпревар пристапувам максимално, за мене ова е прв натпревар во репрезентацијата после две години, можеби поради тоа имаше посебни емоции, им честитам на Србија за големата борба и им благодарам на моите соиграчки за одличната игра. Романија и Чешка се озбилни ривали, на ЕП нема лесни ривали, на секој натпревар треба да влеземе максимално. Романија е една квалитетна репрезентација, знаеме колку е силна нивната лига, сите нивни играчи играат во многу силни клубови, така што ќе мора да се подготвиме добро”, додаде Јауковиќ.

Иако Црна Гора игра без легендарната Јованка Радичевиќ, нејзините довчерашни репрезентативни колешки секојдневно се во контакт со нејзе.

,,Мислам дека секој ден ја спомнувавме низ разговори, ни недостасува нејзината енергија на теренот, таа многу придонесе за националниот дрес, но тука е секогаш за нас, во контакт сме со нејзе, ја имаме нејзината поддршка, можеби не е физички со нас, но секогаш е во нашите мисли”, заврши Јауковиќ.

Екс ракометарката на Вардар, Марија Петровиќ, која настапува за Србија, го коментираше денешниот пораз.

,,Искрено, очекувавме тежок натпревар денес, Црна Гора беше фаворит, но најголем проблем за нас беше нападот, никако не можевме да ја пробиеме нивната одбрана, не можевме гол да дадеме, дадовме малку гола, одбраната не беше толку лоша, но најголем проблем беше нападот. Имаме уште два натпревари, имаме доволно време да се подготвиме за Чешка, потоа следува Романија”, изјави Петровиќ.

Балканското дерби за Црна Гора, Хрватска без сили против Данска