Јасухира во топ форма, Јапонија на чекор до Олимписките игри!

Средниот бек на Вардар, Косуке Јасухира, одличната форма од клупските натпревари, ја продолжи и на репрезентативно ниво.

Јапонија предводена од „македонскиот“ самурај обезбеди финале на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Доха и ќе се бори за место на ОИ.

Јапонците во полуфиналето славеа над Јужна Кореја со убедливи 34-23, а Јасухира беше втор стрелец со пет гола од шест обиди.

Со пласманот во финалето Јапонија има најмалку пласман во дополнителните квалификациите за ОИ, а ако го освои турнирот ќе обезбеди директен билет за Париз.

Ривал на Јапонија во мечот за место на Олимписките игри ќе биде селекцијата на Бахреин, која го шокираше домаќинот на турнирот, Катар и го победи со 30-29.