Селекторот на младинската женска репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, повика дополнително уште две ракометарки пред подготовките за СП.
Станува збор за две кадетки – Ева Ѓорѓиевска од Илинден Вардар и Исидора Котевска од Металург Автокоманда, кои настапуваат на средната бекоовска позиција.
Тие две ќе им се приклучат на претходно повиканите 20 ракометарки за подготовките во Маврово, а по враќањето во Скопје ќе биде познат конечниот список.
Во Скопје пред стартот на СП ќе биде одигран и пријателски турнир од 14 до 16 јуни, а покрај Македонија треба да играат Романија и Исланд.
Македонија е во група со САД, Ангола и Исланд, а Мундијалот ќе се игра од 19 до 30 јуни во три скопски сали.