Tomislav JAGURINOVSKI and Lukas LAUBE, North Macedonia vs Switzerland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Јагуриновски: Пресуден фактор за победата беше желбата кај сите играчи

Машката репрезентација на Македонија го освои третото место во групата А на Европското првенство 2024, откако го доби дуелот со Швајцарија со два гола разлика, 29:27.

За Македонија победата над Швајцарија беше многу важна за обезбедување на првиот шешир за баражот за СП 2025 година.

Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски, кој во клучните моменти погоди од контра за 28:27, смета дека пресуден фактор за победата била големата желба кај сите играчи.

,,Одигравме и добро и лошо, но сепак, покажавме карактер дека може да издржиме 60 минути со еден многу добар ривал како што е Швајцарија и на крај победивме. Пресуден фактор за победата беше желбата, имавме сите желба, сите сакавме да победиме. Настапот на ова Европско првенство би го оценил како успешен, бидејќи игравме и со едни од двете најдобри репрезентации во светот и ова победа ја заслуживме”, изјави Јагуриновски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде бараж двомечот за Светското првенство во 2025 година, а ривалот ќе го дознаеме на 27 јануари.

Лазаров: Не беше лесно да се победи квалитетен ривал како Швајцарија

 

Ненад Костески: Сите верувавме во победа, го дадовме максимумот на терен!

 

Победнички крај на ЕП: Швајцарија падна пред Македонија!