За една од најдобрите голманка на светот – Клеопатра Дарле, интерес покажаа три богати тимови, но не успеаја да го добијат нејзиниот потпис.
Како што е познато, за довчерашната голманка на Брест Бретањ се бореа двете француски екипи Мец и Нант, како и романската Глорија Бистрица.
Сепак, според информациите на романскиот портал „ГСП“, репрезентативката на Франција ја одбила понудата на Глорија Бистрица поради семејни проблеми.
34-годишната голманка, која во својата колекција медали има и едно злато од Олимписките игри од Токио и од Светското првенство 2017, не постигнала договор ниту со двата клубови од нејзината татковина.
Дарле најголемиот дел од својата кариера го помина во Брест Бретањ, во најбогатиот француски клуб настапуваше од сезона 2016/17.
Претходно беше дел од некогашниот европски гигант Виборг, Мец, Париз и Безансон.