Jaпонија се потеше до крај против Ангола, во вториот круг носи голем бод

Во претпоследниот натпревар во рамките од Ц Групата, Јапонија со победата против Ангола со резултат 30:29 се пласираше во следната фаза каде пренесува и еден бод од дуелот против Хрватска од 1. коло.

Ангола имаше почетно водство од 0-2 во првите три минути од натпреварот. Неизвесноста на резултатот продолжи до 10. минута кога Ангола повторно го врати водството преку Адилсон Манеко за 6:7. Голманот на Јапонија, Ивашита Јута имаше неколку одлични интервенции во моментите кога неговите соиграчи имаа минус еден во 16 минута, 10:11.

Прецизните шутеви продолжија до 25 минута како и играта гол за гол. Во последните пет минути со двете технички грешки од страна на Ангола, репрезентативците на Јапонија заминаа на полувреме со четири голови разлика, 16:12.

Вториот дел помина во неизвесна и драматична атмосфера. Големата разлика во квалитет репрезентативците на Јапонија ја искористија во последните пет минути од натпреварот. Ангола намали на три разлика, 20:17 во 39 минута, но Јапонците преку Тацуки го одржуваа водството од четири до пет разлика. Џокерот во второто полувреме кај Ангола, Марио Тати беше единствен расположен за игра и главен „виновник“ за неизвесноста. Во 53. минута репрезентативците на Ангола намалија на 27:27, а потоа имаа и водство преку Јарослав Агилар за 27-28.

Во последните три минути и двете репрезентации имаа неколку грешки, а Јапонија, сепак, со своето искуство обезбеди историска победа и пласман каде првпат ќе настапува во втората фаза на едно Светско првенство.

По трите порази во Ц групата својата првата победа Ангола ќе ја бара во Президент купот.

19 јануари 2021
30 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 јануари 2021 17:15 ГРУПА Ц 2020/2021 19.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈАПОНИЈА1630Победа
АНГОЛА1229Пораз

ЈАПОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
12Ивашита Јутаголман00
13Касахара Кенјапивот01
14Китазуме Асумицентрален бек00
18Нарита Кохеилев бек00
19Токуда Шиносукедесен бек01
20Ватанабе Јиндесен бек07
21Дои Реми Анрилево крило04
25Мотоки Хирокидесно крило05
27Тамакава Хиројашипивот01
31Јошино Тацукилев бек04
33Агарие Јутоцентрален бек14
38Мизумаки Котароцентрален бек01
39Накамура Такумиголман00
40Такано Сотапивот00
41Токуда Реносукедесен бек01
43Јошида Шуичипивот01
 Вкупно 130

АНГОЛА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Јарослав Агиларпивот12
4Габриел Текапивот04
5Роме Хебоцентрален бек00
7Клаудио Лопесцентрален бек00
8Отиниел Паскваллево крило00
9Адилсон Манекодесно крило01
10Мануел Насиментоцентрален бек14
11Агостињо Лопесдесно крило01
13Марио Татилев бек06
14Клаудио Чиколалево крило02
15Мајомона Панзодесно крило01
16Џовани Муачисенгеголман00
17Едгар Абреудесен бек01
20Кустодио Гоувеиаголман00
22Антонио Елиасдесен бек13
79Едвалдо Фереиралев бек24
 Вкупно 529

Officials

Судии:
Самир Кричен -Тунис
Самир Маклуф -Тунис
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА33006
2БРАЗИЛ32014
3ЗЕЛЕН 'РТ31022
4УРУГВАЈ30030