Израел стана потенцијален ривал на Македонија во баражот за СП 2025

Селекцијата на Израел го елиминира Луксембург во последниот претквалификациски бараж двомеч за Светското првенство 2025 година.

Moжеби по малку изненадувачки, Луксембург славеше на првиот меч со 31-28, предводен од Јан Хофман со десет гола, но еден ден подоцна, Израел се реваншираше со победа од осум гола, 35-27 и се пласираше во првиот бараж за СП 2025.

Таму го чека селекцијата на Словачка, а овие бараж двомечи ќе се играат на 13 и 16 март 2025 година.

Македонија е директно пласирана во вториот бараж за Мундијалот, а ривалот ќе го дознае на 27 јануари на ждрепката во Келн. 11 победници од бараж двомечите ќе обезбедат билет за СП.

Светското првенство следната година ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска од 14 јануари до 2 февруари.

СП 2025 (Данска, Норвешка, Хрватска)

Домаќини (3): Данска, Шведска, Норвешка
Светско првенство 2023 (1): Франција
Европско првенство 2024 (2)
Африканско првенство 2024 (5)
Азиско првенство 2024 (4)
Првенство на Јужна и Централна Америка 2024 (3)
Првенство на Северна Америка и Кариби (1)
Европски квалификации (11)
Океанија (0/1)
Вајлд карта (1/2): САД

Европски квалификации:

бараж 1 (13/16 март)
Естонија – Украина
Финска – Литванија
Белгија – Италија
Словачка – Израел

бараж 2 (9/12 мај)
шешир 1: Македонија, Полска, Чешка, Црна Гора, Шпанија + шест од овие селекции (Шведска, Холандија, Германија, Словенија, Португалија, Исланд, Австрија, Унгарија)
шешир 2: Грузија, Србија, Фарски Острови, Грција, Романија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Естонија/Украина, Финска/Литванија/, Белгија/Италија, Словачка/Израел