Избран е ALL – STAR тимот на Супер машката лига за сезоната 2023/2024

Шеста сезона по ред редакцијата на 24Ракомет го избира Идеалниот тим на сезоната, како круна на завршеното првенство во машка конкуренција. Како единствен и независен избор на најдобрите ракометари преточено во ALL - STAR тимот е потврда за напорите, постигнувањата на секој ракометар што се нашол во потесниот избор, а потоа и е избран во иделаниот тим.

Во најнеизвесната сезона во првенството на Македонија за шампионот се чекаше до последното коло. Десет различни категории, а во секоја категорија по пет кандидати од кои беше избран и ALL – STAR тимот.

Сезонава преку системот на онлајн гласање забележани се 108.316 гласови, што е зголемување во однос на минатата сезона. Интересно е дека ниту едeн играч кој лани беше избран во иделаниот тим не успеа да ја задржи својата позиција.

Во изборот учествуваа: публиката преку гласањето што го огранизиравме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Меѓу новинарите гласаа Игор Паневски (Телма), Тања Димитриоска (Нова Македонија), Трајан Маневски (Спортманија), Зоран Мишевски (Гол), Југослав Костовски (МТВ), Зоран Видевски (МТВ), Ристе Влахов (Спортско Радио 90,3) и Стефан Крстески (Слободен Печат).

Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ги даде победниците во секоја категорија.

Сезонава меѓу најдобрите седум ракометари по позиција има четири ракометари од вицепрвакот Вардар, два играчи се од шампионот Еурофарм Пелистер, и еден играч од Охрид. Најдобриот тренер доаѓа од Битола, а кај индвидуалните награди, една оди во Битола, а една во Автокоманда.

ALL – STAR тим на сезоната 2023/2024

ГОЛМАН – Мартин Томовски (Вардар)

ЛЕВО КРИЛО – Марко Срдановиќ (Вардар)

ЛЕВ БЕК – Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)

СРЕДЕН БЕК – Косуке Јасухира (Вардар)

ДЕСЕН БЕК – Нејц Цехте (Еурофарм Пелистер)

ДЕСНО КРИЛО – Гал Цирар (Охрид)

ПИВОТ – Милан Лазаревски (Вардар)

ТРЕНЕР – Бранислав Ангеловски (Еурофарм Пелистер)

ДЕФАНЗИВЕЦ – Денис Васиљев (Еурофарм Пелистер)

МЛАД РАКОМЕТАР – Иван Галевски (Алкалоид)

Им честитаме на победниците.