Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски продолжува да игра во одлична форма во српскиот шампионат.
Неговиот тим Дубочица Лесковац полесно од очекувањата славеше против Раднички Крагујевац со 38-30.
Иваноски беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна седум гола, од кои четири беа од седмерец.
Дубочица сега е на петтото место кое води во плеј-офот и има 13 бодови, а следен предизвик за тимот на Иваноски е гостувањето кај Југовиќ Каќ.