Македонската репрезентативка Ивана Џатевска се наоѓа во одлична форма пред настапот на Европското првенство 2024.
Кружниот напаѓач и нејзиниот Сомбатељ во натпревар од 8. коло од унгарскиот шампионат за ривал го имаа Вац.
Сомбатељ успеа да триумфира со 37:34, а Џатевска беше непогрешлива, за 22 минути игра имаше 100% реализација, пет од пет.
За Сомбатељ ова беше важна победа во битката за излез на европска сцена, моментално, клубот на Џатевска се наоѓа на 4. позиција со 11 бода.
Пред паузата поради Европското првенство, Сомбатељ на домашен терен ќе се соочи со европскиот гигант Ѓер.