Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Македонија се најде во групата Б и ќе игра со велесилите Германија и Франција, како и со селекцијата на Полска.
Термините за натпреварите се 12:00, 14:30, 17:00 и 19:30 часот, а организаторот сите три меча на Македонија ги стави во претпладневните часови.
Македонија против Франција ќе игра на 7 август од 12:00 во „Бемакс Арена“, на 8 август ќе се сретне со Германија на истото место во истото време, додека по ден одмор на 10 август е последната средба со Полска од 14:30 часот.