🎥 Хаос во Белград: Полна сала го дочека АЕК, летаа топовски удари, стартот доцни…

Иако требаше да започне од 18:00 часот, реванш дуелот меѓу Партизан и АЕК Атина се уште не е започнат.

Повеќе од 2.500 гледачи во салата „Бањица“ се присутни да го бодрат својот миленик, па грчкиот тим имаше непријатен дочек.

Три топовски удари од „Гробари“ паднаа на теренот, па ракометарите и стручниот штаб на АЕК се повлекоа во соблекувалната.

По пет минути се вратија на терен, но набрзо одекна уште еден топовски удар, па повторно иста сцена.

Капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ, се обиде да ги смири страстите и ги молеше навивачите да не фрлаат ништо на теренот.

Дали и кога ќе започне натпреварот, ќе видиме наскоро…

На првиот дуел во Атина, славеше АЕК со 27-22.