„Имаме одлична хармонија и соработка, покажавме добра игра – вака нека биде и во иднина“

Женската сениорска репрезентација на Македонија двапати триумфираше убедливо против Велика Британија.

Македонија, која на контролите против Велика Британија славеше со 36:17 и 34:19, настапи со играчи само од домашниот шампионат.

Пивотот Катерина Дамјановска вели дека крајниот впечаток е позитивен.

„Ги поправивмме грешките од вчерашниот натпревар. Мислам дека сите одиграа добро и задоволни се, можеби малку се почувствува умор по двата меча во два дена, но се на се беше добра игра“, вели Дамјановска.

Задоволна е и Марија Јанкуловска.

„Имавме одлична недела. Бевме дисциплинирани на тренинзите, на крајот сите се задоволни и мислам дека по двете победи сите си заминуваме со насмевки на лицето“, вели Јанкуловска.

Голманката Слободанка Кицеска посакува вака да биде и во иднина.

„Честитки за сите девојки за успешната недела зад нас. Одлична хармонија и соработка меѓу сите, се надевам дека и во иднина ќе биде така, а исто така се надевам на нови победи во националниот дрес, кој е задоволство да се носи“, заврши Кицеска.

Македонија во март и април ја очекуваат уште четири натпревари од квалификациите за ЕП 2024 година против Шпанија, Азербејџан и Литванија.

Аморим: Цела недела беше позитивна, ќе продолжиме да работиме

Македонија како на тренинг ја доби и втората контролка против Велика Британија