Средниот бек Петар Цветковски својата кариера би требало да ја продолжи во амбициозниот прволигаш Илинден, кој од оваа сезона ќе има екипа во сениорска конкуренција.
Според информациите на 24Ракомет, клубот кој го промовираше стручниот штаб (тренер – Дарко Јанев, асистент – Дејан Пецаковски), активно работи на играчкиот кадар.
Цветковски потекнува од Илинден, но се афирмираше во редовите на Бутел Скопје, со кој освојуваше титули во младинските категории.
Организитарот на играта во 2022 година го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција. Освен за Бутел Скопје, Цветковски играше за Радовиш и за Тиквеш во Супер лигата.
За услугите на младиот плејмејкер заинтересирани се повеќе македонски суперлигаши и прволигаши, но се чини дека Цветковски го избра новиот клуб.

























