Светската ракометна федерација денеска потврди дека машката младинска репрезентација на Македонија ќе биде дел од Мундијалот во Полска во 2025 година.
Европа имаше 15 билети за Мундијалот, а тоа што домаќинот Полска заврши на 14 позиција на ЕП во Словенија, значеше дека и Романија која беше на 16 место на континенталниот собир ќе патува на СП.
Покрај Македонија и домаќинот Полска, на Мундијалот ќе играат европскиот првак Шпанија, потоа Португалија, Данска, Германија, Австрија, Шведска, Норвешка, Исланд, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Словенија и Романија.
СП за младинци е на програмата од 18 до 30 јуни 2025 година, а организаторот дополнително ќе ги соопшти градовите домаќини.