Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави најдобрите ракометари и ракометарки за 2024 година.
За најдобар ракометар е избран Данецот Матијас Гидсел, а за најдобра ракометарка Норвежанката Хени Реистад. Двајцата ги одбранија признанијата, откако беа прогласени за најдобри и во 2023 година.
Во категоријата за најдобар млад ракометар победи Германецот Ренарс Ушчинс, додека за најдобра млада ракометарка признанието го доби Унгарката Петра Шимон.
Гласањето беше поделено на три дела: една третина од гласовите ги даде публиката, една третина селекторите на репрезентациите што настапија на Олимписките игри 2024, а останатата третина ја додели Комисијата на ИГФ.