ИХФ ги прогласи најдобрите во 2023 – Гидсел, Реистад…

По околу месец дена гласање, Светската ракометна федерација ги објави најдобрите ракометари и ракометарки за 2023 година.

За најдобар ракометар е избран Матијас Гидсел од Данска, додека за најдобра ракометарка е избрана Хени Реистад од Норвешка.

Во категоријата за најдобар млад ракометар победи Елијас Елефсен а Скипаготу, додека во категоријата најдобра млада ракометарка славеше Лена Грандво.

Една третина од гласовите се на публиката, втората третина на селекторите на репрезентациите што играа на СП 2023, додека третата третина на гласовите се на Комисијата на ИХФ.