Играше за Металург, сега се пресели во Веспрем

Повремениот репрезентативец на БиХ, Марко Тарабокија, во остатокот од сезоната ќе настапива за вториот тим на Веспрем, поточно за  Веспрем ККФТ.

Тарабокија во редовите на Веспрем ККФТ ќе се пресели од Дабас, клуб во кој настапуваше од сезона 2021/22.

Вториот тим на Веспрем во унгарскиот шампионат се наоѓа на 13. позиција на табелата, а во минатата сезона клубот играше во Лигата на Европа каде имаше забележителни резултати.

Средниот бек, кој настапуваше и за Металург, најголемиот дел од својата кариера го мина во Полска.

Таму најпрво беше дел од Азоти Пулави, потоа четири сезони настапуваше во полскиот вицепрвак Висла Плоцк.