Играше за четири македонски клуба, сега се пресели во Франција

Ракометарот од Либан, Али Кобеиси, во oваа сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе игра во Франција.

Кружниот напаѓач Кобеиси кој има 25 години потпиша договор со францускиот третолигаш Молсхајм.

Либанскиот интернационалец во Македонија мина две сезони, а во нив смени четири клубови.

Тој настапуваше за Работнички, за Радовиш, Металург и Скопје, потоа направи кратка пауза, па играше за косовскиот тим Беса.