Играше во Струга, а сега стана дел од стручниот штаб на Црна Гора

Поранешниот голман на Струга, Никола Матовиќ, ќе биде дел од струшниот штаб на младинската репрезентација на Црна Гора.

Искусниот Матовиќ ќе има задача своето знаење да им го пренесе на младинските голмани – Чоловиќ, Средановиќ, Вујовиќ и Чировиќ.

Матовиќ откако ја напушти Струга се пресели во Шведска, таму ги мина последните две сезони. Во следната сезона ќе игра во Франција, односно во тимот на Саран.

Црна Гора е еден од ривалите на Македонија на младинското Европско првенство, кое ќе се одржи во периодот од 10 до 21 јули во словенечкиот град Целје.

Освен со Македонија, младинците на Црна Гора во групната фаза ќе играат уште со Хрватска и Австрија.