Играше три сезони во Битола, сега ќе остане три во Брест

Босанскиот интернационалец Невен Стјепановиќ потпиша нов договор со белорускиот шампион Мешков Брест.

Тој минатата сезона во пролетниот дел пристигна во Брест, потпиша договор до крајот на тековната сезона.

Сепак во Белорусија се задоволни од неговите партии и му понудија продолжување на договорот до 2026 година.

Стјепановиќ ја прифати понудата и ќе комплетира три сезони во Брест, актуелниот освојувач на трофејот во регионалната СЕХА лига.

Десниот бек настапуваше во Битола, две сезони во Еурофарм Работник, а потоа уште една и во Еурофарм Пелистер.

По заминувањето од Битола во 2021 година, играше за Ал Наџма од Бахреин, како и за екипите од Кувајт – Бурган и Ал Кураин.