ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Куманово, Охрид, Бутел Скопје, Пролет, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, како и двајца од тимот на Вардар.

За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Супер лига, 4. коло, резултати:

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-24
РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-37
ОХРИД – ТИКВЕШ 40-20
КУМАНОВО – СТРУГА 35-18
ПРОЛЕТ – БИСИНОВ 30-19
АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП 45-23

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 4.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Борјан Цековски - пивот - Куманово
30.03%
Димитар Узунчев - десен бек - Бутел Скопје
26.46%
Градимир Чаневски - голман - Охрид
18.51%
Марко Срдановиќ - лево крило - Вардар
9.74%
Никола Костески - десно крило - Алкалоид
8.93%
Матија Николиќ - среден бек - Вардар
3.57%
Александар Василевски - лев бек - Пролет
2.76%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Градимир Чаневски (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше 17 интервенции и голема заслуга за триумфот против Тиквеш, а одбрани и четири пенали.

Лево крило: Марко Срдановиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец беше предводник во триумфот на големото дерби против битолчани.

Лев бек: Александар Василевски (Пролет) – Искусниот ресенчанец игра на високо ниво на стартот на сезоната.

Среден бек: Матија Николиќ (Вардар) – Србинот одигра одличен натпревар во вечното дерби против Еурофарм Пелистер.

Десен бек: Димитар Узунчев (Бутел Скопје) – Младинскиот репрезентативец беше незадржлив и постигна 14 гола против Радовиш.

Десно крило: Никола Костески (Алкалоид) – Десното крило беше најдобар стрелец против Прилеп.

Пивот: Борјан Цековски (Куманово) – Кружниот напаѓач имаше одлична партија во значајната победа над Струга.