Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар Неготино, Тиквеш, Вардар и Куманово.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 4. коло, резултати:
Плеј-оф
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 32-29 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 21-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – СТРУГА 29-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 27-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – КУМАНОВО 24-27 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Даниел Ѓорѓески (Охрид) – Чуварот на мрежата блескаше меѓу стативите и со 14 одбрани го водеше Охрид до значајна победа против „сино-белите“.
Лево крило: Хансер Родригез (Вардар) – Кубанецот одигра на ниво и со шест голови беше меѓу најдобрите стрелци против Струга.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец одличната форма ја продолжи и против Пролет и даде 17 гола.
Среден бек: Михајло Стевовиќ (Куманово) – Српскиот плејмејкер беше меѓу предводниците до важниот триумф на гости кај Голден Арт.
Десен бек: Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино) – Десниот бек одигра одлиечн натпревар против Скопје и беше меѓу најзаслужните за бодовите на неготинци.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Со 14 голови словенечкиот интернационалец го предводеше нападот на Охрид против вицепрвакот.
Пивот: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Кружниот напаѓач одигра добар натпревар во одбрана, а иако постигна еден гол, тој беше победнички против Бутел Скопје.