ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Еурофарм Пелистер, Вардар, Тиквеш, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, како и двајца од тимот на Струга.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 3. коло, резултати:

СТРУГА – ПРОЛЕТ  34-29
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 27-34
ПРИЛЕП – ОХРИД 26-30
БИСИНОВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-41
ТИКВЕШ – КУМАНОВО 36-25
РАДОВИШ – ВАРДАР 16-29

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 3.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Мики Лазов - среден бек - Тиквеш
40.00%
Филип Пајкоски - пивот - Струга
25.88%
Дамјан Тутенкоски - голман - Струга
9.41%
Гал Цирар - десно крило - Охрид
8.24%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
7.06%
Ашраф Маргели - десен бек - Вардар
4.71%
Арно Бинго - лево крило - Алкалоид
4.71%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Дамјан Тутенкоски (Струга) – Чуварот на мрежата имаше двоцифрен број интервенции и голема заслуга за триумфот против Пролет.

Лево крило: Арно Бинго (Алкалоид) – Францускиот интернационалец даде седум гола во победата кај Бутел Скопје.

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Капитенот на битолчани имаше 13 од 13 во Велес против новиот суперлигаш.

Среден бек: Мики Лазов (Тиквеш) – Кадетскиот репрезентативец одлично ја искористи минутажата и имаше пет гола против Куманово.

Десен бек: Ашраф Маргели (Вардар) – Тунискиот интернационалец постигна 14 гола во победата кај Радовиш.

Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Десното крило вторпат во серија се најде меѓу најдобрите, откако беше најдобар стрелец и против Прилеп.

Пивот: Филип Пајкоски (Струга) – Кружниот напаѓач имаше одлична партија во значајната победа над Пролет.