Данска славеше против Хрватска со 32-26 во финалето на СП 2025 против Хрватска и освои четврто злато по ред.
Една судиска одлука во текот на мечот предизвик лавина реакции. Шпанците Гарсија и Љоренте го исклучија Марко Мамиќ за еден старт во 21 минута и тогаш Хрватите останаа без својот најдобар дефанзивец.
Данците имаа бурна реакција кон Мамиќ, но реагираа и Хрватите, па беше спречен инцидент. Данските медиуми исто така упатија остри зборови.
„За тој црвен картон Мамиќ ќе завршеше во дански затвор 60 дена. Желбата за крв беше видлива во очите на балканците уште од стартот кога видовме ‘обид за убиство’ над Симон Питлик. Тоа требаше да биде повеќе од исклучување“, напиша новинарот Кокборг.
Јасно е дека ваквите коментари се претерани, но јасно е и дека скандинавското лоби ретко пропушта шанси да упати тешки зборови кога се работи за играчи или судии од Балканот.