Репрезентациите на Шведска и Португалија одиграа реми, 37:37, во натпревар од првото коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Целиот натпревар мина во игра гол за гол и ниту една од двете репрезентации не можеше да дојде до поголема предност од два гола.
Беше 18:18 на полувреме, во вторите 30 минути продолжи големата борба, имаше постојана промена на предноста, па така само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот.
Иако Шведска на десетина секунди имаше напад за победа, сепак, искусниот Џим Готфридсон задоцни, погоди по звукот на сирената.
Хрватска без многу проблеми триумфираше над Зеленортските Острови со 20 гола разлика, 44:24.
Домаќините победата ја обезбедија во првиот дел, кој го добија со 24:11, додека вториот дел го одработија рутински и без многу напор.