ФОТО: Kolektiff

Холанѓаните во добар ритам пред Мундијалот

Репрезентацијата на Холандија, која е еден од ривалите на Македонија на Светското првенство, ја забележа втората победа во подготвителниот период.

Холанѓаните кои учествуваат на традиционалниот турнир „Yellow Cup“ во швајцарскиот град Винтертур беа подобри од Италија со 31:26 (16:12).

Избраниците на Штафан Олсон вчера славеа над Косово, па така со денешната победа покажаа дека се наоѓаат во добар ритам пред Мундијалот.

Швајцарија по поразот од Италија, денеска триумфираше над Косово со десет гола разлика, 34:24 (15:10).

Во рамки од турнирот „Трофеј Карпати“, репрезентацијата на Грузија ја совлада Турсија со 32:27 (19:11), додека Србија одигра нерешено со домаќинот Романија, 31:31 (11:16).