Холандија го освои турнирот во Винтертур

Репрезентацијата на Холандија го освои трофејот на традиционалниот турнир „Yellow Cup“ во швајцарскиот град Винтертур.

Иако Холандија во последниот натпревар загуби од Швајцарија со 34:33, сепак, поради победите над Косово и Италија си заминува дома со трофеј.

Швајцарците кои настапија без најдобриот играч, средниот бек Мануел Зендер, кој поради повреда на коленото ќе оди на долга пауза, покажаа одлична игра.

Холандија е еден од ривалите на Македонија на Мундијалот, додека Швајцарија има тешка група, ќе игра против Германија, Чешка и Полска.

Италија со победата над Косово од 28:25 заврши како третопласирана на турнирот во Винтертур.