Холандија без Кубанецот на СП – Табоада не доби дозвола од ИХФ

На скратениот список што селекторот Штафан Олсон го објави пред настапот на Холандија на СП 2025, го немаше Реине Табоада.

Кубанскиот лев бек, кој неодамна се пофали со холандски пасош, сепак не доби дозвола од ИХФ за настап за „лалињата“.

Сопругата на Табоада е Холанѓанка, врз основа на тоа бекот го доби пасошот, но не ги исполнува условите да живее во земјата за која сака да настапува и да има најмалку две сезони настапи во тоа првенство.

27-годишниот ракометар на данската Фредериција, а поранешен на Еурофарм Пелистер, ќе мора да почека на дебито за Холандија.

Холандија е во група со Македонија, Унгарија и Гвинеја на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Олсон отвори карти – Холандија со вардарецот Коиј, Стеинс, Бајенс, Шаген…на СП 2025