Херојски камбек на Вардар – губеше со шест гола, ама го победи Охрид!

Екипата на Вардар победи во дерби-дуелот со Охрид, 27:26, иако домаќините во текот на целиот натпревар имаа контрола на резултатот. Херој на Вардар беше голманот Васил Гогов, кој во моментите кога неговиот тим правеше кам-бек, не дозволуваше лесно да биде совладан. Вардар победата ја обезбеди со серија од 5:0, губеше со 26:22 во 52. минута и во последните осум минути постигна пет гола, а не прими ниту еден

Како што се и очекуваше, дербито започна со голема борба, а по нерешените 2:2, составот на Стевче Алушовски со погодоците на Ојлески и Орјоникидзе дојде до плус два во петтата минута, 4:2. Од тој момент, Охрид влезе уште посигурен, успеа да се одбрани од неколку налети, па тренерот на гостите, Милано, мораше по десет минути игра да побара минута одмор, бидејќи домашниот тим поведе со 7:3.

Вардар со мини-серија успеа да намали на 7:5, но до крајот на првото полувреме беше во негатива, а играта беше во знакот на домаќините, кои беа страшно мотивирани, а публиката беше нивни осми играч. Избраниците на Алушовски кон средината на првиот дел имаа предност од 9:6, а во 15-та минута повторно дојдоа до дотогаш највисоката предност од плус четири, 10:6.

Гостите никако не можеа да влезат во посакуваниот ритам, иако се обидуваа со различни тактики, но домашниот тим храбро се бранеше, не дозволувајќи им да се стабилизираат. Голманот Ѓорѓески бранеше кога беше најпотребно, додека неговите соиграчи во периодот од 20 минута, па до крајот на полувремето, водеа со четири до пет гола, имаа и плус шест во 27 минута, а на пауза заминаа со плус пет, 16:11.

Вицепрвакот одлично го стартуваше вториот дел, со три гола во низа намали на минус два, 16:14. Охрид на крилата на Орјоникидзе излезе од малата криза и потоа си ја врати максималната предност од првиот дел, во 43 минута Јотиќ погоди за 23:17, а Милано мораше повторно да повика тајм-аут. Иако Охрид имаше шанса да замине на плус седум, сепак, вардарци намалија на 23:19, и се обидуваше да дојде до евентуален кам-бек.

Домаќините целосно застанаа во последните десет минути и кога најмногу требаше, попуштија. Иако Охрид водеше со 26:22, гостите влегоа во подобар ритам, намалија на 26:25 во 54. минута, а минута подоцна Лазаревски имаше чиста позиција за изедначување, но не успеа да погоди.

Избраниците на Алушовски немаа решение како да го совладаат Гогов, кој натпреварот го заврши со десет интервенции, па така Вардар со двата гола на Борозан направи комплетен пресврт, поведе со 27:26 на минута пред крајот. Охрид на двапати имаше шанса да израмни и да земе бод, но гостите не дозволија да има поделба на бодовите.

Борозан Вуко со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, по четири имаа Милан Лазаревски и Стефан Петриќ. Кај Охрид се истакна Теимураз Орјоникидзе со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР21190238
2ВАРДАР 196121190238
3АЛКАЛОИД21190238
4ОХРИД21142530
5ТИКВЕШ 201421103823
6БУТЕЛ211101022
7ПРИЛЕП21731117
8ПРОЛЕТ20551015
9КУМАНОВО21501610
10БОРЕЦ Ф.Л.2124158
11СТРУГА2131177
12РАДОВИШ2012174